2 C
Скопје

Мали се шансите да нѐ удри овој астероид, но ако нѐ удри, тоа ќе биде како 150 Хирошими!

Секоја година Земјата ја погодуваат десетици ситни астероиди и тоа не предизвикува никакви проблеми, но поголем астероид би можел да предизвика апокалиптични настани.

Астероидот 2009 ЈФ1 е откриен во 2009 година, а научниците се плашат дека на 6 март 2022 година во 8 часот и 34 минути би можел да биде непријатно блиску до Земјата, пишува thenewstrace.com.

Астероидот се движи со брзина од 18 км во секунда, а се предвидува дека покрај Земјата ќе помине со брзина од 65.293 км/ч. Иако астероидот не е многу голем, во комбинација со брзината со која се движи, неговиот евентуален удар на Земјата би можел да предизвика експлозија еднаква на 230 килотони динамит, односно како 150 атомски бомби кои експлодираа над Хирошима.

Прочитајте и...  Се проширува семејството на Софија, роботот според кој човештвото треба да биде уништено

Од НАСА појаснуваат дека точната патека на астероидот е тешко да се предвиди бидејќи на неа можат да влијаат бројни фактори. Но сепак нагласуваат дека шансите да ја погоди Земјата се 1:3800 односно 0,026 проценти.

Некои астероиди и комети ги следат орбиталните патеки кои ги носат поблиску до Сонцето, а потоа и до Земјата“, објаснуваат од НАСА.

Токму поради тоа астероидот внимателно се следи во Jet Propulsion Laboratory со помош на автоматизираниот систем Sentry. Тој систем автоматски и континуирано ги скенира најновите каталози на астероидите за да забележи дали некој би бил опасен за Земјата во следните 100 години.

 

Поврзани вести

Нема поточен хороскоп од тибетскиот: 5 хороскопски знаци кои ќе имаат многу среќа во 2021 година!

Слободен печат

Ен Хатавеј: Злобните коментари од луѓето ми помогнаа во животот

Слободен печат

ВИДЕО | Обожавателите дури сега забележаа: Во една од епизодите на „Пријатели“ се појавува некој посебен

Слободен печат

ВИДЕО | Домашен трик кој ќе ви го промени животот: Од истуткана облека до совршено испеглани парчиња без да ја допрете пеглата!

Слободен печат

Тања Кармзова Костиглиола, нашинка во Франција: И тука побарувачката за вакцини е огромна, а ресурсите се ограничени

Јасмина Кантарџиева Димков

ВИДЕО | Русинката Маша пее на македонски јазик: Слушнете ја „Дали ти ќе дознаеш“

Слободен печат

Остави Коментар