Мали и вкусни банини колачиња

Потребни состојки:

– 2 јајца

– 200 гр шеќер

– 100 гр масло за јадење

– 450 гр брашно

– 1/2 прашок за печиво

– мармалад (по желба)

– еурокрем (по желба)

Во сад за матење изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Додадете го маслото за јадење и повторно изматете.Потоа додадете го брашното и прашокот за печиво и смесата измесете ја со рака.

Од тестото правете мали топчиња и се редете ги во претходно намастен плех, а потоа на секое топче одозгора со прстот направете дупче, кое потоа ќе го наполните со џем, мармалад, еурокрем, коцки чоколадо или било што по ваша желба.

Потоа ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете 15 минути на 180 степени. Од оваа количина излегуваат околу 40 колачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот