Мали гурмански тајни: Празнична вечера со полнети вкусни тестенини

Unsplash
Unsplash

Можеби сте љубител на полнети тестенини, но се откажувате секојпат кога и да посакате да ги зготвите, од причина што е тешко да се подготват во домашни услови. Едноставно кога ќе помислите на здодевното полнење со лажица, наместо да уживате во полнети канелони, школки и сл., вие избирате друг оброк. Но, всушност, ако ги имате соодветните алатки, полнењето тестенини може да биде многу едноставно.

Наместо со лажица, виљушка, нож или кој било друг прибор да го туркате филот во канелоните, равиолите или тортелините, ќе ги наполните со вкусен фил со помош на кујнски шприц и тоа оној со платнена вреќичка. Ако немате таква алатка, земете ќесичка за замрзнување храна.

Ставете ја ќесичката во висока чаша, отворете ја и полнете ја со фил. Потоа подигнете ја, притиснете филот да се спушти кон долниот дел и со ножици исечете го едниот крај од ќесичката, за да направите отвор низ кој ќе истекува филот. Потоа земајте од тестенините и полнете ги со вкусниот фил. Готовите канелони наредете ги на чинија, па откако ќе ги наполните, сите наредете ги во соодветен сад за печење. Откако ќе се испечат, ќе имате вкусен оброк подготвен со малку труд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот