Мали: Достапни заеми за бизнисите, пари на располагање и за земјоделците

Синиша Мали / Фото: Архива на „Слободен печат“

Министерот за финансии кажа и дека со документите донесени денеска комплетиран е целиот пакет економски мерки што неодамна беа презентирани.

Српскиот министер за финансии Синиша Мали на денешната прес-конференција изјави дека Владата на Србија донесе три важни документи, што се однесуваат на примена на мерките за економска поддршка на стопанството со цел да се ублажат негативните последици од  Ковид-19.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Мали истакна дека е усвоена регулативата „што се однесува на гарантната шема за која се врзани две милијарди евра, за кои најмногу ќе гарантира Република Србија, а која од следниот вторник ќе биде достапна за сите претприемачи, микро, мали и средни претпријатија”.

– Овие се многу поволни заеми до 36 месеци, со грејс период помеѓу девет и 12 месеци. Државата Србија стои зад заемите, а вие искористите ги за ликвидност и обрт на капиталот, порача Мали.

Тој додаде и дека се донесени уште две регулативи поврзани со поддршка на земјоделците.

– Значи, 2,6 милијарди динари преку Управата за гарарниот платен промет им се достапни на земјоделците од следниот вторник, преку Министерството за земјоделство. Тие пари веќе се во буџетите, тие пари може веднаш да ги искористи Министерството за земјоделство, истакна Мали.

Министерот за финансии кажа и дека со документите донесени денеска комплетиран е целиот пакет економски мерки што неодамна беа презентирани.

Мали исто така кажа дека проекциите на Меѓународниот монетарен фонд се такви што српската економија ќе има „најмал пад од три проценти или најголем раст оваа година од скоро сите земји во Европа”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот