Мали: Договорено е Србија да складира 500 милиони кубни метри гас во Унгарија

Синиша Мали / Фото: Архива на „Слободен печат“

Договорено е Србија во текот на претстојната зима да складира 500 милиони кубни метри гас во Унгарија, изјави во Будимпешта српскиот министер за финансии Синиша Мали по средбата со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијартo.

Договорот беше прецизиран откако српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Нови Сад на отворањето на Меѓународниот земјоделски саем се договорија Србија да складира меѓу 300 и 500 милиони кубни метри гас во Унгарија.

По средбата, како што јави дописникот на МИА од Будимпешта, Мали за новинарите изјави дека врз основа на денешниот договор Србија ќе може да повлече три милиони кубни метри дневно од унгарските складишта во октомври, шест милиони кубни метри дневно во ноември, декември и јануари и три милиони во март.

Министерот Сијарто рече дека денешните договори се доказ за стратешкото пријателство меѓу двете земји.

-Гасот за нашиот сосед ќе го складираме за следната зима, бидејќи имаме повеќе од шест милијарди кубни метри складишен капацитет. Нема да го поддржиме предлогот на Европската унија за нафтено ембарго кон Русија додека не се најде решение кое ќе ја гарантира енергетската безбедност на Унгарија, изјави Сијарто.

Министерот Мали изјави дека е договорена заедничка инвестиција во изградба на интерконектори за пренос на електрична енергија меѓу двете земји, за да може вишокот по потреба да се пренесе во Србија и Унгарија и дека е договорено поврзување на електроенергетските мрежи на двете земји, што ќе трае во наредните шест до осум години, за да може да се разменува струјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот