Малезија нема да дозволи да се претвори во светска депонија

Фото: МИА

Владите ширум светот сега ја враќаат илегално увезената пластика, а министерката за заштита на животната средина Јео Би Јин денеска изјави дека Малезија вратила 150 контејнери што превезувале 3.737 тони отпад во различни земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и САД.

Малезија им вратила на богатите земји 150 контејнери со пластичен отпад и порача дека нема да се претвори во „светска депонија на ѓубре“.

Откако во 2018 година Кина го запре поголемиот дел од увозот на отпад, овој регион беше преплавен со пластика од развиените економии како САД и Велика Британија, јавија француските медиуми.

Многу кинески компании кои се занимаваат со рециклирање, имено, по забраната се преселија во Малезија заради што во оваа земја дојде до недозволени испораки на огромни количества пластика.

Владите ширум светот сега ја враќаат илегално увезената пластика, а министерката за заштита на животната средина Јео Би Јин денеска изјави дека Малезија вратила 150 контејнери што превезувале 3.737 тони отпад во различни земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и САД.

Земјите кои испраќале отпад морале да ги покријат трошоците за враќање на контејнерите.

– Не сакаме за тоа да дадеме ниту паричка. Кога некој незаконски го фрла своето ѓубре во вашата земја, нема вие да плаќате за тоа да се врати назад – рече Јин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот