Малдини: Французите направија грешка, мора да продолжи Серија А!

twitter/TeamMilanAC

Според италијанските медиуми денеска се очекува од тамошната Влада да им дозволи на сите калчолигаши за групни откако се согласија околу медицинскиот протокол.

Еден од најдобрите играчи во историјата на Милан, Паоло Малдини (51), а сега технички директор на клубот, смета дека не би било паметно предвремено да заврши оваа фудбалска сезона во Италија.

Мора да бидеме внимателни, но ќе биде катастрофа доколку првенството не продолжи. Французите направија грешка што прогласија крај на натпреварувачката сезона – рече Малдини.

Поради пандемијата на коронавирус, Серија А е во прекин од 9 март. Во понеделникот тие започнаа со постепено олеснување на мерките, а веќе дел од италијанските клубови започнаа со индивидуални тренинзи.

Според италијанските медиуми денеска се очекува од тамошната Влада да им дозволи на сите калчолигаши за групни откако се согласија околу медицинскиот протокол. Остануваат уште 12 кола до крајот на шампионатот, а сите натпревари би требало да се играат пред празни трибини.

Оптимистичките предвидувања сугерираат дека сезоната во Серија А би можела да продолжи во јуни и да заврши на почетокот на август. Токму легендата на Милан, Малдини беше позитивен на Ковид-19, но на крајот успеа да го победи вирусот.

Целата кариера како играч ја помина во дресот на „росонерите“ (1984-2009). Тој се врати во клубот во 2018 година, а минатата година ја презеде функцијата технички директор.

Торино, Фиорентина и Сампдорија потврдија дека имаат позитивни случаи на коронавирус кај играчите и стручниот штаб.

Видео на денот