Малата побарувачка и новите американски мерки ја смалија вредноста на доларот

Доларот денеска е на пат да забележи неделен пад бидејќи спласна побарувачката по најавата за огромниот пакет за поддршка на американските Федерални резерви за малите претпријатија, како и поради сигналите за успорување на ширењето на вирусот Ковид – 19.

Фунтата пак забележа раст во однос на доларот и еврото, бидејќи пазарот здивна по веста дека британскиот премиер Ворис Џонсон излезе од одделението за интензивна нега каде беше хоспитализиран поради влошување на симптомите од корона вирусот, пренесува „Ројтерс“.

Британската валута во однос на доларот денеска бележи стабилизација на 1,2465 долари, додека на неделно ниво бележи добивка од 1,6 проценти во однос на својот американски ривал, а исто така е на пат да регистрира и неделен раст во однос на еврото.

Валутите на земјите производители на нафта исто така зајакнаа во однос на доларот, но на пазарите се уште има сомнежи дали договорот меѓу ОПЕК и неговите сојузници за рекордното намалување на производството на нафта ќе биде доволен да го неутрализира падот на побарувачката на гориво.

Тргувањето на берзите е значително ослабнато особено во текот на изминатата ноќ по азиско време, бидејќи финансиските пазари во Австралија, Хонг Конг, Сингапур, Британија и САД се затворија поради празнувањето на „Голем петок“.

Во однос на јапонскиот јен, доларот се тргува на ниво од 108,41 јена. На неделно ниво не е забележана некоја поголема промена кај јапонската валута, бидејќи загриженоста поради зголемениот број заразени од корона вирус и воведувањето вонредна состојба во Јапонија ја намалија побарувачката за оваа валута.

Во континентална Кина, јуанот напредуваше во однос на доларот оваа недела за 0.8 проценти, по што од овие земји веќе со денови стигаат извештаи за пад на бројот на новозаразени лица со корона вирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот