Малата Мо денеска полни 46 години: Најсреќна сум кога околу мене постои голем ѕид (ФОТО+ВИДЕО)

profimedia

Моника Селеш денеска слави 46 роденден. Родена е во 1973 година во Нови Сад. Пред да стане најдобра тенисерка во светот првите тениски удари ги изведувала на терените во родниот град.

Profimedia

По преселувањето во Америка, одела на академијата на познатиот тениски стручњак Ник Болитиери, заедно со Андре Агаси, Габриела Сабатини, Мери Џо Фернандез.

„Најмногу сакав да удирам со топката во ѕид и благодарна сум им на станарите што буката не им пречеше. И денес сум најсреќна кога околу мене постои голем ѕид. Тоа е безбедносна мрежа, музика која најмногу му годи на моето уво“, напишала во автобиографијата во 2009 година Моника.

Професионален тенис почнала да игра на 14 години.

Profimedia

Била препознатлива по форхендот и бекендот како и по силниот ретерн. Била позната и по гласното викање при удирање на топчето поради што некои колешки за време на мечевите им се жалеле на судиите.

Моника била најмладата тенисерка која го освоила Ролан Гарос во 1990 година – имала само 16 години и шест месеци кога ја победила Штефи Граф.

1991 година била врв во нејзината кариера. Била неприкосновена на теренот. Од јануари 1991 година до февруари 1993 година освоила 22 турнира, дошла до 33 финалиња од 34 турнири на кои учествувала. Остварила 159 победи и само 12 порази (92,9% победи)

Југословените ѝ го дадоа прекарот Малата Мо, а Ѓорѓе Балашевиќ ѝ посвети и песна.

Profimedia

30 април 1993 година

Во четвртфиналето на мечот меѓу Моника Селеш и Магдалена Малеева во Хамбург, тогаш 38-годишниот Гинтер Пархе, опсесивен навивач на Штефи Граф, ја забодел Моника со нож во грбот на паузата меѓу гемовите.

Ginter Parhe
Profimedia

Моника била пренесена во болница, физичките повреди ѝ биле санирани, но со психичките се борела две години.

Profimedia

„Седев на клупата и почувствував остра болка во грбот. Погледнав зад себе и видов лице со нож во раката. Беше хаотично“, се присетила подоцна Моника.

Profimedia

По две години повторно се врати на терените.

Секогаш победник

Моника Селеш беше позната по тоа што е најдобра секогаш кога е најтешко, а со години водела тешки психички битки.

Спас барала во храната, а депресијата била врв на нејзината лоша состојба, од која Моника повторно излегла како победник.

Моника, која преживеала големи животни пресврти, многу е инспиративна за американската и за светската јавност.

Напоменува дека белиот спорт ѝ е омилена активност и дека игра со локалните, верни соиграчи, а покрај во тенисот ужива и во прошетките.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот