Малата Миа е родена со толку кревки коски, што едно кивање може да ја скрши (ФОТО)

facebook

Миа Хонка, 5-месечно бебе од источен Јоркшир има толку криви коски што и од најмал удар, па дури и од посилно кивање, може да дојде до кршење на нејзините коски.

Миа првиот прелом го имала уште кога била во матката. Тогаш докторите забележале дека и е скршена бутната коска. Дијагностицирана и е остеогенезис имперфекта, позната како „кревки коски“.

 

Нејзината мајка Ема Томлисон (37) и таткото Луис Хонка (32) со големо внимание постапуваат со нивното бебе и ја третираат ќеркичката како порцеланска кукла.

„Мила е многу кревка, како да е направена од порцелан или од стакло. Мора да бидеме посебно внимателни кога ја земаме,кога и ги менуваме пелените или кога ја капеме. Таа е толку чувствителна што дури и најмал удар може да резултира со скршени коски“, вели мајката.

За да ги предупреди другите на состојбата на неговата ќерка, Луис направил налепница за количката на Миа со натпис: „Ве молам, бидете внимателни кога ме поместувате, имам кршливи коски“.

Mia Honka

Publiée par Mihajlo Jankovic sur Jeudi 7 novembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот