„Малата Меркел“ не ги задоволува условите за нов канцелар на Германија?

Фото: Википедиа

Изгледаше дека Ангрет Крамп-Каренбауер има отворен пат да ја наследи Ангела Меркел на местото на канцелар на Германија, кога ја замени како челник на владеачките демохристијани.

Девет месеци подоцна, членовите на нејзината партија разговараат дали таа е вистинската личност која може да ја води најмоќната земја и најголемата економија во Европската Унија. Рејтингот на Ангрет Крамп-Каренбауер значително се намали по неколкуте гафови во јавноста, а партијата ЦДУ под нејзино раководство претпре значителни загуби на изборите за Европскиот парламент, пишува „Ројтерс“.

Високите функционери на ЦДУ велат дека таа сѐ уште има време да се докаже. Таа и Меркел тврдат дека канцеларката ќе го заврши својот мандат во 2021 година, што на демохристијаните им дава повеќе од една година за да се договорат за кандидат. Меѓутоа, растат сомнежите за тоа дали Крамп-Каренбауер е вистинската личност за следна канцеларка.

– Прашањето за следен канцелар не е решено – рече еден претставник на ЦДУ за „Ројтерс“.

Влоговите се големи, оценува агенцијата. Хаотичната транзиција на власта би можела да ја дестабилизира Германија по една деценија на економска експанзија на чело со Меркел, која со години е највлијателен европски шеф.

Евентуалната политичка неизвесност во Германија би донела поголема загриженост за многу членки на ЕУ кои бараат единство и сигурни, предвидливи сојузници во момент кога иднината на Унијата би можела да биде загрозена со излезот на Британија, завршуваат од „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот