Малага експресно го суспендира Санчез

Шпанскиот тим објави дека го суспендира Виктор Санчез дел Амо откако се појави експлицитно видео на интернет.

Во соопштението кое го објави второлигашот не се наведуваат никакви детали освен дека Санчез нема да биде тренер на првиот тим се додека не заврши истрагата.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Малага се одлучи на ваков чекор бидејќи на интернет се појави видео снимка на која 43-годишниот тренер прво се соблекува, а потоа и замозадоволува. Самиот тренер изјави дека е жртва на уцена и дека случајот веќе го пријавил во полиција.

„Во однос на случувањата кои неодамна се откриени и кои до сега не се проверени, Малага веднаш го суспендира тренерот Виктор Санчез дел Амо од должноста се додека не заврши истрагата. Понатамошните чекори и постапки ќе ги откриеме откако ќе бидеме запознаени со сите детали од истрагата“, објави тимот од Андалузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот