Мала помош во кујната: Како да го спасите јадењето ако е премногу луто, солено, кисело или благо?

готвење
Фото: Unsplash

Малите незгоди при готвење се случуваат секому, затоа важно е да знаете како лесно да ги поправите грешките. Ништо не е изгубено и јадењето може да заврши на трпезата ако ги следите следниве неколку совети.

Пресолено

Ова е најчест проблем што се случува во кујната. Ако не додадете сол, ќе биде без вкус, а од друга страна можете да претерате. Ако сте додале повеќе сол, прва помош е разредување на јадењето со вода, ако готвите вариво или супа. Ако правите сос или кремасто јадење, разредете ги со состојката што веќе сте ја користеле – пасиран домат или павлака за готвење. Има совет да се додаде компир во пресолено јадење, но тој нема да ја впие само солта, туку и другите зачини. Затоа подобро е да додадете малку ориз или тестенини. Лимон, оцет или малку шеќер исто така се добар трик, особено за риба.

Прекисело

За ваква храна доволно е да додадете малку шеќер. Ако подготвувате јадење со домати или сте додале премногу оцет во салатата, четвртина лажичка шеќер ќе ја замаскира киселината. Истото важи и за десерти – ако сте додале премногу сок од лимон или лимета, зголемете ја количината шеќер.

сол, готвење
Фото: Profimedia

Прелуто

Додајте малку киселина, односно сок од лимон или лимета. Друг трик е да додадете малку шеќер или карамелизиран кромид, а најефикасно е да додадете мрсни продукти како мајонез, авокадо, кисела павлака или јогурт, зависно што готвите.

Преблаго

Никако не додавајте сол, тоа ќе ја влоши работата. Најбрзо ќе го спасите јадењето ако му додадете нешто кисело, луто или горчливо, што ќе го неутрализира вишокот на шеќер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот