Мала непријатност на Помпео во Италија: Новинарка му испрати парче пармезан на Трамп

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, доживеа мала непријатност за време на посетата на Италија.

Поточно, италијанска новинарка му подари парче пармезан на Помпео барајќи од него да му го однесе на претседателот Доналд Трамп.

По разговорот со премиерот Џузепе Конте, на Помпео му пришла италијанска новинарка и му подарила парче пармезан.

„Имам подарок за вас – италијански подарок. Премиерот знае за што зборувам. Ова е пармезан ‘реџијано’ и тоа е она што го правиме најдобро во Италија“, рекла Алис Мартинели, а Помпео љубезно го примил парчето автентично италијанско сирење, објави „Вашингтон пост“.

 

Мартинели, која работи како новинарка за сатиричниот весник „Лене“, подоцна објасни за „Вашингтон пост“ дека била таму за да ја пренесе пораката: италијанските млекари се загрижени поради високите такси на Трамп за европските прехранбени производи, вклучително и вино и сирење, што може да резултира со загуба од милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот