Мала историја на дводелниот костим за капење: Општетсвената експлозија наречена бикини

facebook

Раѓањето на бикините предизвикало „експозија“ во опшеството и затоа биле наречени по атолот Бикини, каде што во истиот период се случиле нуклеарни експлозии.

Дводелниот костим за капење се појавил дури во 1946 година во модната престолнина Париз. Бил дизајниран од францускиот моден креатор Луј Реар, кој го вовел зборот бикини преземен од атолот Бикини во Тихиот Океан, каде што се спроведувале нуклеарни тестови, а истата година се случиле и нуклеарни експлозии што го шокирале светот.

Реар бил дијазнер на автомобили и моден дизајнер

Бикините на Реар биле исто толкав шок, па продажба немало. Реар едвај успеал да најде модел за рекламирање на својот моден производ. Најпосле ја ангажирал танчерката и стриптизерка Мишелин Бернардини, која набргу станала ѕвезда. Сепак, бикините биле строго забранети од Ватикан и прогласени за грешни.

Мишелин Бернардини

Во 1951 година, бикините се појавиле на телата на 27 мисици кои учествувале на првиот избор за Мис на светот во Лондон.

Работите во полза на бикините значително се смениле кога во 1956 година глумицата Брижит Бардо ги носела во филмот „И Бог ја создал жената“. Широко прифатени станале на почетокот на 60-те години, откако отворено почнало да се зборува за женската сексуалност и контрацепцијата. Историски миг за дводелните костими за капење бил кога Урсула Андрес се појавила во бикини во филмот „Доктор Но“, во 1962 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот