Мала до средна штета: Нуркачите ја утврдуваат состојбата на бродот што заглави во Суецки канал

Експертски нуркачки тимови ја утврдуваат состојбата на дното на бродот „Евер Гивен”, кој се заглави во Суецкиот канал, за да испитаат дали има оштетувања на овој огромен товарен брод, објавија денеска египетските власти.

Двајца службеници на Суецкиот канал потврдија дека нуркачите, откако стручни тимови успеале да го одблокираат товарот, потврдиле дека бродот претрпел „мала до средна” штета.

Капетанот на шлеперот во Суец изјави дека експертите проценуваат точни размери на штетата, но, како што рече, „малку е веројатно дека оштетувањата ќе пречат јапонскиот  „Евер Гивен” да ја продолжи својата пловидба”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот