Мала астро школа: Какви сме во љубовта и во кревет

„Имам Венера во знакот Јарец, што значи тоа?“, „Венера ми се наоѓа во знакот Вага, што кажува тоа за мене?“ или „Мојата Венера е во знакот Бик, какви карактеристики ми дава?“. Ова се чести прашања на љубителите на астрологијата. Какво значење има Венера која е натално поставена во одреден знак?

Венера е планетата на љубовта и во нашата натална карта, сместена во еден од 12-те хороскопски знаци, покажува каков однос имаме кон љубовта, како љубиме, што бараме од партнерот, какви сме во кревет.

Ајде, да погледнеме заедно што ни кажува наталната Венера во 12-те хороскопски знаци. Во кој знак е вашата Венера?

Венера во Овен: Сакате на страствен начин, но не знаете како да ги контролирате своите чувства. Сакате вашиот партнер веднаш да ви даде сè, а истото и вие го правите. И во кревет брзате, уживање на „екс“, или воопшто без уживање.

Венера во Бик: Ова е прекрасна позиција на Венера. Луѓето со Венера во Бик се одлични уметници, сентиментални се, но пред сè, многу му се верни на партнерот. Слабост им е љубомората. Покажуваат голема страст во кревет.

Венера во Близнаци: Со ваква поставеност, станува збор за пчелички кои летаат од цвет на цвет. Но, што барате од љубовта? Постојано нови страсти. Оттука и партнерите ги менувате често, бидејќи бргу се заситувате. Станува збор за површни луѓе кога е во прашање љубовта и емоциите. Површни и во кревет.

Венера во Рак: Многу романтична личност, чувствителна и многу внимателна кон потребите на вашиот партнер. Но, тоа што ве блокира во однос на потполното предавање на љубовта е што бргу се обесхрабрувате и разочарувате. Многу романтични и нежни во кревет.

Венера во Лав: Личност сте која многу го сакате своето семејство, и секако, партнерот. Оваа позиција на Венера гарантира верност. Слабост? Нарцизмот и суетноста. Инаку, исклучителни сте во кревет.

Венера во Девица: Со ваква поставеност на Венера станува збор за аналитичари во љубовта, помалку приврзани на материјалните работи во животот, но многу чувствителни. Обично сте лојални, и многу шармантни, но не сте внимателни кон интимните потреби на вашиот партнер. Себични во кревет.

Венера во Вага: Навистина знаете како да му го понудите на вашиот партнер она што го бара. Знаете како да го сакате на вистински начин и да научите и тој на таков начин да ве сака. Станува збор за верна личност, која не влегува напразно во дискусии. Сепак, „сиромашни“ во кревет.

Венера во Шкорпија: Ваквата поставеност на Венера дава романтична, магнетна, и најчесто фасцинантна личност. Еден поглед е доволен за да го привлече својот плен. Добро е ако повеќе се вложува во страст, отколку во романтика зашто може да стане патетична. Жестоки во кревет.

Венера во Стрелец: Ваквата поставеност на Венера бара партнери од странство, со други обичаи и традиции. Личностите со Венера во Стрелец имаа многу можности во животот да остварат фатални средби надвор од родената земја. Сепак, не сте многу верни, нели? Во кревет – сè, само не здодевни.

Венера во Јарец: Станува збор за „ладни“ личности во манифестациите на љубовта. Со сигурност може да се каже дека не сте романтични, всушност, тешко ги искажувате чувствата и сте „шкрти“ на убави зборови, како да ќе ве осиромашат. Но, интересно е што ваквата позиција на Венера, дава жешки личности во кревет.

Венера во Водолија: Личност сте со либерален став кон љубовта, а таквиот став често доведува до неверство. Ваквата поставеност на Венера дава потреба од повеќе партнери, дури и истовремено. Не сакате љубов која задушува. Иновативни сте во кревет.

Венера во Риби: Типична позиција за романтична личност која знае да дава љубов во неизмерни количини. Внимавајте да не се „истрошите“ пребгу, а лесно може да станете и жртва. Во кревет – многу креативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот