Мала астро школа: Каква професија да одбереме?
Месечината управува со нашите емоции, па кога ја толкуваме положбата на Месечината во наталната карта откриваме за тоа како реагираме на одредени ситуации, каков е нашиот внатрешен свет. Преку поставеноста на Месечината во 12.те астролошки куќи дознаваме и за која професија сме најмногу надарени.
Какво е значењето на наталната Месечина во 12-те астролошки куќи во нашата натална карта.
Што значи да се има Месечина во 1. куќа: Отворени личности. Оваа позиција е погодна за уметници. Тоа се надарени поети, писатели, музичари, сликари. Но, понекогаш дава и личности кои не се емотивно стабилни и кои знаат да се однесуваат емотивно, наместо разумно.
Месечина во 2. куќа: Променливост и „превртливи“ личности. Поволна позиција за финансиски активности. Овој аспект овозможува и личноста да има одлични вештини за заработка. Сепак, може да има претерана страст кон материјалните добра.
Месечина во 3. куќа: Радозналост. Во третата куќа Месечината ни зборува за чести кратки патувања, и за многу добри односи со другите. Ваква поставеност на Месечината дава личности кои се одлични во ПР-от (односи со јавност), а често дава и одлични писатели.
Месечина во 4. куќа: Потреба за сигурност. Дава личности кои се приврзани кон домашната околина, личности кои се приврзани за својот роден град. Одлични се во секторот на хуманитарните работи и грижата за другите.
Месечина во 5. куќа: Романтични личности. Добра предиспозиција за едукација на деца и одлични наставници. Воопшто, личности кои најмногу им одговара работа која е поврзана со децата.
Месечина во 6. куќа: Потреба за усовршување и задоволство од работата. Но, личности кои може да бидат под влијание на другите во своите избори поврзани со кариерата. Добра позиција за доктори и медицински сестри и воопшто, личности кои се успешни во здравствениот сектор.
Месечина во 7. куќа: Одлична поставеност на Месечината за личности кои знаат да си одберат партнер и сојузници во животот. Дава „родени“ политичари кои секогаш може да направат добар договор, како и одлични дипломати.
Месечина во 8. куќа: Често укажува на променливи емоции. Но, често дава и личности кои можат да ја добијат секоја „игра“ или да добијат поголеми наследства. Личности кои се заинтересирани за окултизам.
Месечина во 9. куќа: Нагласена креативност. Вљубеници во патувањата, одлични односи со странски земји и со луѓе од други етнички групи, други обичаи и традиции. Дава одлични професори на универзитет.
Месечина во 10. куќа: Нагласена кариера. Личности кои можат постојано да ги менуваат работните места, но би било одлично да работат во маркетингот или во политика кадешто можат да достигнат добри позиции и популарност.
Месечина во 11.куќа: Релаксираноста и пријателствата се акцентирани. Сепак, овие личности треба да бидат внимателни да не бидат изневерени од блиските пријатели. Ваквата поставеност на Месечината дава најчесто личности кои можат да ги реализираат своите идеи и проекти преку пријателствата.
Месечина во 12.куќа: Молчеливост и таинственост. Тешко искажување на емоциите. Станува збор за таинствени луѓе и воопшто за луѓе кои работите ги прават тајно.