Мала астро школа: Каква љубов бараме, што за нас значи вистинска љубов?

Нашите сетила и чувства припаѓаат на кралството на Венера, а сетилата се канали преку кои недвосмислено го искажуваме она што нè привлекува, што нè прави задоволни, но и сè она што не одбива.

Планетата Венера ја претставува љубовта, уметноста, убавината, заведувањето, хедонизмот и повеќе од тоа. Нејзината позиција во една од 12.те астролошки куќи ја опишува нашата можност за привлекување, за формирање врски, за воспоставување односи со другите, како на социјално така и на интимно ниво. Само преку оваа планета ние учиме да се сакаме прво себеси, а потоа и другите.

Да го разгледаме заедно значењето на наталната Венера во 12.те астролошки куќи.

Што значи да се има Венера во 1. куќа: Личност која лесно потпаѓа под влијание на другите затоа што речиси никогаш не успева да го дефинира и искаже своето сопствено мислење, па постојано бара поддршка од други. Инаку, оваа положба на Венера дава убави луѓе, фасцинантни, магнетно привлечни, дури иако се понекогаш нарцисоидни. Личности кои импресионираат со вродена елеганција и шарм. Тука Венера има потреба од љубов, задоволство, да и се восхитуваат и да биде во преден план, и тоа понекогаш може да ја скрие основната несигурност.

Венера во 2.куќа: Истакнува интерес за сентиментална безбедност и за она што го нуди физичкиот и материјалниот свет. Тука Венера е многу конкретна, наоѓа задоволство во градење на одредена економска и емоционална стабилност. Одлична заработка особено од професии блиски на уметноста и убавината. Може да отворите центар за убавина, фризерски салон, центар за масажа, галеријаи да бидете исклучително успешни во тоа. Ваквата поставеност на Венера дава личности кои несебично трошат пари за нега на сопственото тело.

Венера во 3.куќа: На ваквата поставеност на Венера ѝ се потребни интелектуални стимули. Љубовта бара комуникација и во постојана потрага е по интелектуално разбирање. Во оваа 3.куќа , Венера е во состојба да ткае добри и рамнотежени односи со околината. Личности склони кон чести патувања, пишување поезија, љубовни писма. Ова се личности кои можат да постигнат големи резултати во новинарството, но и во области поврзани со убавина и здравје на телото.

Венера во 4.куќа: Венера бара нежна љубов, хармонија и мир … во домот. Бара удобно љубовно гнездо за да се засолни. Љубовта сака да ја „чувствува“ и да ја слушне, затоа што тоа ѝ дава емоционална сигурност и способност да реагира на другите со еднаква емпатија и љубов. Многу сте приврзани за членовите на вашето семејство, имате силна љубов кон нив. Типична позиција на Венера на оние кои се успешни во масажи, естетска работа и фризерски занает. Но, успешни се и во трговија или дизајн на мебел.

Венера во 5. куќа: Во оваа позиција Венера бара стимулирачки искуства: виталност, ерос, игра, благосостојба и љубов со сите сетила. Венера бара да се даде значење на нејзиниот живот и затоа сака да создаде нешто уникатно што ќе ја возбуди и ќе и даде задоволство. Сакате да се забавувате. Сценските светла ви значат многу, па оттука оваа поставеност на Венера дава одлични глумци. Имате силна склоност кон уметноста воопшто.

Венера во 6.куќа: Венера го истакнува здравјето и работата. Грижата за вашето тело, за околината во која живеете и за здравјето станува приоритет. Тука Венера се обидува да се грижи за благосостојбата со тоа што ќе го направи секојдневниот живот похармоничен и удобен.Во оваа куќа Венера е чувар на вашето здравје (освен ако не е лошо аспектирана). Работните места поврзани со здравството и медицината може да бидат фаворизирани и може да се остварат одлични односи во работата со колегите.

Венера во 7. куќа: Венера ја претставува желбата да влезете во врска со друга личност, оној што ќе го изберете како сопатник и од кого/со кого сакате да дадете и примате љубов. Венера тука бара „сродна душа“ со која ќе го сподели задоволството од чувството да се биде заедно и да се создаде цврста и среќна заедница. Идеална поставеност за брачен живот. Одлични бизниси со деловните соработници меѓу кои би можеле да се сретнете со љубовта на вашиот живот. Му давате на вашиот партнер сè што можете.

Венера во 8. куќа: Венера ги изразува своите чувства со голем интензитет и бара силни и длабоки емоции. Љубовта не може да се одвои од сексуалноста која станува средство за освојување на предметот на желбата. Стабилен и среќен брак, добивки и наследство преку партнерот или пак, би можеле да добиете голема сума од игри на среќа. Исто така, значи можни неочекувани наследства од роднини. Дава магнетно привлечни личности.

Венера во 9. куќа: Венера се изразува како ентузијаст и авантурист во потрага по земја за истражување. Ако тоа може да си го дозволи, дава личности кои се секогаш на пат, кои имаат интересни и пријатни искуства во странство. Ако тоа сепак, не може да си го дозволи, дава сонувачи со отворени очи. Ваквата Венера најчесто обезбедува една или повеќе романтични врски со странци. Одличен успех би постигнале во уметничките области, но надвор од матичната земја. Луѓе кои лесно и брзо учат странски јазици.

Венера во 10. куќа: Венера се наоѓа на највисоката точка на хороскопот и од оваа причина се чувствува удобно во доминантна позиција – и во работата и во сентименталната врска. Тука Венера сака да ги покаже своите вештини и да се самодокаже, а тоа лесно ќе го направи на уметничко, естетско или литературно поле, под услов околината да е пријатна и нејзините таленти да предизвикаат симпатии и восхит. Одлични предиспозиции за финансиски и социјални успеси во уметнички области, особено оние кои се блиски до убавината, дизајнот, гардеробата. Дава успешни модни креатори. Родени шармери.

Венера во 11.куќа: Наместо во романтични љубови, ваквата поставеност на Венера наоѓа задоволство во пријателствата, и тоа во оние што се избрани со слични или исти афинитети кои таа ги поседува. Љубовта се раѓа пред сè како пријателска врска. Имате многу пријатели кои се подготвени во секое време да ви подадат рака. Чести љубовни врски поврзани со некои од блиските пријатели.

Венера во 12 куќа: Венера се стреми, со добра доза идеализам, да доживее „голема љубов“. Големата сентименталност, акцентираната сензуалност и жед за љубов најчесто се преживува со фантазија и во самотија, со очигледни проблеми и страдања. Ова е лоша поставеност на Венера и често ни зборува за можни проблеми во љубовта, себеиспитувања и себеизмачувања, како и тајни врски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот