„Макстил“: Емисионите вредности на цврсти честички од компанијата се на минимално ниво

Загадување на воздухот во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Минимално ниво на емисионите вредности на цврсти честички и многу пониски од граничните вредности пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање, покажаа мерењата во „Макстил“.

Од „Макстил“ наведоа дека мерењата се правени на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и континуирано работи со полн капацитет.

– На мерната точка „Оџак на Пескара” каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3 во овој период најниска вредност е измерена во јануари 0,32 mg/Nm3, а највисока во август со измерени вредности од 3,39 mg/Nm3. На втората контролна точка „Оџак од филтер постројка” најниската измерена вредност е во септември и изнесува 0,3 mg/Nm3, а највисоката во јули и изнесува 8,08 mg/Nm3. На оваа мерна точка пропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3, наведоа од „Макстил“.

Оттаму додадоа дека потврдените вредности, исто така се пониски и од дефинираните гранични емисиони вредности во А-интегрираната еколошка дозвола и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

– Континуираното намалување на вредностите е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за контролирање на производството и е согласно општествено одговорниот однос кон заедницата и максималното намалување на емисиите на цврсти честички во воздухот, истакнаа од „Макстил“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот