Макстил бележи пад на приходите во првото полугодие

Компанијата Макстил а.д Скoпје го објави извештајот за работењето за периодот јануари – јуни 2019 година.

На производен план за првото полугодие на 2019 произведен е челичен полуфабрикат во количина од 133.433т., нешто помала од планираната, заради користење на челичен полуфабрикат од увоз, додека во однос на истиот период минатата година произведените количини бележат зголемување од 1,6%.

Во истиот период се произведени 138.376т. дебели лимови во количини исто така нешто помали од планираните, кои пак споредени со произведените во споредбениот минатогодишен период бележат раст од 16,4%.

Кај показателите на деловната успешност остварени се вкупни приходи од 2.578.233.291 денари, споредени со 2.939.577.231 денар во првото полугодие минатата година (намалување од 12,3%), добивка пред оданочување од 1.932.536 денари, споредена со 2.454.947 во првото полугодие минатата година (намалување од 21,3%) и нето добивка од 1.210.171 денари, споредени со 1.810.397 денари истиот период минатата година (намалување од 33%).

Што се однесува до очекувањата за второто полугодие, се уште е присутна загриженоста заради количинските ограничувања на увозот на челичните производи на пазарите на земјите членки на ЕУ, што може да претставува сериозен лимитирачки фактор заради можното исцрпување на глобалните квоти во последниот квартал, како и високата царинска заштита на американската администрација за увозот на челични производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот