Максим Димитриевски упати сочуство до трагично загинатиот полициски службеник

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска изрази сочуство до семејството на трагично загинатиот полицискиот службеник Виктор Цветковски.
– Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да Ве утешат во овие моменти. Со длабоко жалење ја примив веста за тешката сообраќајна незгода и трагичната смрт на еден млад човек. Во овие тешки моменти за вас и вашето семејство, сакам да Ви изразам искрено сочувство за загубата на нашиот сограѓанин, професионалец во својата работа, син, сопруг и татко. Нека почива во мир, пишува меѓу другото, Димитриевски.
Полицискиот службеник загина, приправник беше повреден, повредени беа уште три лица во сообраќајна несреќа што се случи утрото помеѓу саботата и неделата во Куманово, откако во нив удри возило „мерцедес” управуван од 40-годишен возач во алкохолизирана состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот