Максим Димитриевски ја објави листата на кандидати за советници: Победуваме на 17ти октомври

Листа на кандидати за советници/ Фото: Фејсбук

 Максим Димитриевски градоначалникот на Куманово на претстојните локални избори ќе настапи како независен кандидат на иницијативата „За наше Куманово“ . Тој на својот фејсбук профил ја соопшти листата кандидати за советници.

Носител на листата е Ивана Ѓорѓиевска – Филолог по општа и компаративна книжевност и македонски јазик.

– Чест ми е да ве информирам дека ја комплетиравме листата за советници за претстојните локални избори. Како независен кандидат за градоначалник, заедно со независната советничка листа, ќе настапиме под иницијативата #ЗаНашеКуманово. Станува збор за кандидати кои се од различен профил, професионални и стручни во својата област. Вредни и одговорни. Доволно мотивирани за заеднички да направиме напредок за нашиот град. Уверен сум дека граѓаните ќе ни ја дадат довербата затоа што работиме домаќински и чесно, исклучиво во нивен интерес. Почитувани граѓани, Ви благодарам за досегашната поддршка и Ви ветувам – по победата ќе продолжиме заеднички да го градиме Куманово во европски, модерен и чист град на сите Кумановчани! Победуваме на 17ти октомври, напиша Димитриевски на Фејсбук.

На листата на кандидати за советници на Општина Куманово се:

1. Носител на листа: Ивана Ѓорѓиевска – Филолог по општа и компаративна книжевност и македонски јазик
2. Дарко Митевски – Доктор по ветеринарна медицина
3. Јадранка Стаменковска – Доктор специјалист епидемиолог
4. Николај Павловски – Студент по меѓународни односи при НИУ “ВШЕ” во Москва, РФ
5. Лидија Костиќ – Диоломиран професор по одделенска настава
6. Бетим Хајдари – ССС – Медицински техничар
7. Мирјана Прокиќ Младеновиќ – Доктор по општа медицина
8. Зоран Јовановски – Пензионер – Дипломиран инжинер – Поранешен началник на униформирана полиција при СВР Куманово
9. Дарко Петковски – Дипломиран професор-тренер на Факултет за физичка култура
10. Борис Станковски – Апсолвент на Факултет за безбедносни науки – Пожарникар
11. Реџеп Реџеповски – Пензионер – Олимпиец, сребрен медал во бокс и заслужен спортист
12. Гордица Бошковска – Пензионер – Дипломиран правник
13. Филип Колевски – Дипломиран професор по физичка култура
14. Бојана Младеновска – Дипломиран Логопед
15. Марјан Стошевски – ССС (Геодетски техничар)
16. Мирослав Стајевски – ССС
17. Александра Марковска – Дипломиран Економист
18. Ладислава Крстиќ Милосављевиќ – Доктор специјалист по Интерна медицина
19. Афрдита Авдили – Дипломиран правник
20. Далибор Зафировски – ССС – Хемиско технолошки техничар
21. Стефан Петковски – Дипломирал на факултет за Детективи и безбедност
22. Јелена Мишиќ – Дипломиран економист, финансиски менаџмент
23. Зоран Јаневски – Дипломиран економист
24. Мирољуб Пауновиќ – Дипломиран професор по физичко и здравствено образование
25. Тања Тодоровска – Дипломиран музичар, теоретичар, педагог, изведувач на народни инструменти
26. Владимир Павловски – Дипломиран Економист
27. Александар Јовановиќ – Дипломирал на факултет за физичка култура
28. Цветанка Ивановска – Магистер по менаџмент на еколошки ресурси
29. Христина Алексовска – Дипломиран професор по македонска книжевност со Македонски јазик
30. Дејан Стојановски – Дипломиран професор во предучилишно воспитување
31. Драган Јаневски – Дипломиран електро инжинер
32. Мила Жибак Димковска – Доктор на економски науки
33. Даниел Стојчевски – Магистар по правни науки

Видео на денот