Макрон жестоко се бори парламентот да не заседава само во Брисел

epa08631047 French President Emmanuel Macron, wearing a protective face mask, as he visits a site of pharmaceutical group Seqens, a global leader on the production of active pharmaceutical ingredients, to mobilize innovation and support the research on the coronavirus disease (COVID-19), in Villeneuve-la-Garenne, France, 28 August 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN / POOL MAXPPP OUT

Ревизорите на ЕУ утврдиле дека месечните преселби од Стразбур во Брисел и обратно Европската унија ја чинат годишно 114 милиони евра.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа е готова доколку Европскиот парламент престане да заседава еднаш месечно во Стразбур и целосно се пресели во Брисел.

-Во моментов жестоко се борам за идејата Европскиот парламент да заседава во Стразбур, им рече Макрон на студентите во Вилнус, Литванија. „Доколку прифатиме Европскиот парламент да заседава само во Брисел, готово е со Европа затоа што за 10 години се ќе се одржува во Брисел и луѓето меѓусебе ќе разговараат само во Брисел”, додаде тој.

Макрон денеска испрати писмо до претседателот на Европскиот парламент во кое се жали на одлуката привремено седниците да се оддржуваат само во Брисел поради пандемијата на коронавирусот.

Европратениците вообичаено една недела во месецот имаат средби во Стразбур , додека остатокот од времето го минуваат во Брисел.

Ревизорите на ЕУ утврдиле дека месечните преселби од Стразбур во Брисел и обратно Европската унија ја чинат годишно 114 милиони евра.

Критичарите долго време бараа укинување на ваквиот начин на функционирање на Европскиот парламент, но сегашниот систем остана во сила во голема мера затоа што Франција секогаш се заканува дека ќе стави вето на предлогот што ќе го лиши Стразбур од сегашниот статус.

Официјален Париз инсистира на тоа дека Стразбур, градот што е во непосредна близина на границата со Германија, е симбол на европското повоено помирување и дека европските институции не треба да бидат централизирани во еден град. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот