Макрон: Зелено светло за Северна Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка, а само тоа беше решение

Францускиот претседател, Емануел Макрон призна дека на вчерашниот состанок имало јасно мнозинство на земји за почеток на преговори со Македонија, но не и за Албанија.

Тој исто така призна дека бил против одвојување на двете земји.

– Зелено светло за Северна Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка, а тоа беше единствениот можен консензус, ќе бевме сведоци на политички и социјални движења а најверојатно и на насилство, не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство, изјави Макрон.

Францускиот претседател во првото обраќање пред јавноста откако ги блокираше преговорите со Македонија и Албанија вчера, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на ЕУ, доведувајќи за прв пат јавно во прашање европската иднина и перспектива на земјите од западниот Балкан дадена во Солун во 2003-та.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот