МАКРОН ЗБЕСНАЛ: Бразилскиот претседател ја навредил Брижит Макрон, а францускиот лидер не му останал должен!

По критиките на францускиот претседател Емануел Макрон на сметка на претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро за пожарите во Амазонија, настанала вистинска вербална војна во која се вклучиле и синот на бразилскиот претседател, министри во владата, па и самиот Болсонаро, и тоа навредувајќи го самиот Макрон, но и неговата сопруга Брижит.

Болсонаро на Фејсбук објавил навредлив коментар на сметка на сопругата на Макрон, Брижит, смеејќи се за нејзините години. Поради тоа во медиумите и на социјалните мрежи го нарекле сексист, пренесува бразилскиот портал “O Globo Mundo”.

Еден од фановите на Болсонаро на Фејсбук во саботата објавил фотографија од двајцата лидери со сопругите, Макрон со 66-годишната Брижит и Болсонаро чија сопруга Мишел има 37 години и помлада е од него 27 години. Покрај фотографијата напишал и коментар: “Дали разбирате зошто Макрон го прогонува Болсонаро?”

Во одговорот на овој пост, Болсонаро напишал: “Не го понижувајте човекот. Хахахаха”. Одговорот на Болсонаро се раширил на интернет и во француските медиуми, кои остро го критикувале неговиот став, а дошол одговор и од самиот Макрон. Тој го обвинил Болсонаро дека наместо да го одржи закажаниот состанок со францускиот министер за надворешни работи, отишол на фризер, и повторил дека Болсонаро лажел.

„Тоа е тажно. Пред се за него, а потоа и за Бразилците”, рекол Макрон.

Бразилските жени, додал Макрон, сигурно се срамат да читаат нешто такво за својот претседател и изнел дека очекува дека Бразил наскоро ќе има претседател кој ќе се однесува во склад со стандардите на неговата канцеларија.

„Макрон е опортунитистички кретен“

Исто така, вчера бразилскиот министер за образование на Твитер објавил навредлив твит на сметка на Емануел Макрон.

„Макрон не е на ниво за дебата за Амазонија. Тој е само опортунитистички кретен кој сака поддршка од француското земјоделско лоби”, навел министерот Абрахан Вајнтрауб, веројатно мислејќи на ставот на Макрон за трговскиот договор меѓу ЕУ и јужноамериканскиот трговски блок Маркосур.

Вајнтрауб употребил португалски збор, воопшто не дипломатски, кој покрај „кретен“ може да значи и „измамник“ но и некоја пцовка.

„Франција е земја на екстреми. Создала луѓе како Декарт и Паскал, но и доброволци од СС дивизијата „Карло Велики“, напишал бразилскиот министер.

Тој во низата твитови навел и дека Французите избрале претседател без карактер, како и дека треба да го нападнат кретенот Макрон.

Синот на Болсонаро, Едуардо, сојузен пратеник и можен нов амбасадор на Бразил во САД, во петокот споделил снимка од насилните демонстрации на француските „Жолти елеци“ со пораката „Макрон е идиот“.

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот