МАКРОН ЗБЕСНА: Францускиот претседател ги избрка израелските полицајци од црквата „Света Ана“ (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Францускиот претседател побара припадниците на израелската полиција да ги почитуваат правилата и да ја напуштат црквата „Света Ана“ во стариот дел на Ерусалим.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги исфрли припадниците на израелската полиција од црквата „Света Ана” во стариот дел на Ерусалим, која според меѓународните правила претставува француска територија.

Забележливо лутиот Макрон побара од полицајците да ги почитуваат правилата.

– Сите совршено добро ги знаеме правилата. Не ми се допаѓа тоа што го направивте пред мене. Излезете надвор, рече Макрон, но остана нејасно што ја предизвика неговата остра реакција.

На снимките се гледа како Макрон им се обраќа на припадниците на израелската полиција со зборовите дека одлично ја завршиле својата работа во градот и ги замолува да ги почитуваат правилата што постојат со векови, па француските медиуми претпоставуваат дека влегувањето на израелските сили за безбедност во храмот е причина за неговото протестирање.

Сличен инцидент се случил и во 1996 година кога тогашниот француски претседател Жак Ширак побарал од изралеските сили за безбедност кои носеле оружје да излезат од црквата „Света Ана”.

Макрон во Ерусалим учествува на петтиот Светски форум за Холокаустот, што се одржува денеска и утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот