Макрон за разговорите со Британија за Брегзит: Едногласни сме, подготвени сме за договор, но не по секоја цена

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET/ POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека лидерите на Европската Унија (ЕУ) се обединети околу ставот за Брегзит и својот главен преговарач Мишел Барние го задолжиле да ги продолжи преговорите со Велика Британија во текот на следните две недели.

– Нема поделба. Никој не е за повлекување од договорот, туку едногласна е поддршката за нашиот преговарач Мишел Барние, истакна Макрон по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Тој нагласи дека сите се подготвени за договор, но не по секоја цена, а истото претходно го изјавија и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и германската канцеларка Ангела Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот