Макрон во ноември во Скопје и Тирана?
Наредниот месец францускиот претседател Емануел Макрон се очекува да ги посети Македонија и Албанија. Макрон во својот коментар по блокирањето земјава да ги почне преговорите за влез во Европската Унија рече дека ќе се сретне со премиерите на двете држави, со Заев и со Рама за да разговараат за реформите и чекорите што земјите треба да ги направат.
Со посетата, Макрон се чини дека има за цел да им докаже на Македонија и на Албанија дека европската перспектива на двете земји е отворена и оти Франција ќе им помогне да ја постигнат целта, пишува exit.al Сепак, детали за најавената посета нема.
Француската амбасада во земјава засега не ја потврдува информацијата дали Макрон наредниот месец ќе ја посети Македонија.
Пред Самитот на Европската Унија, премиерот Зоран Заев, иако неколку месеци барал средба со Макрон, сепак не се виделе, ниту пак, телефонски се слушнале. По најавата на Макрон дека ќе ја посети земјава, Заев изјави дека францускиот претседател е добредојден.