Макрон во април ќе оди во Кина, ја покани и Фон дер Лајен

Емануел Макрон/ Фото: Blondet Eliot/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го придружува на неговото патување во Кина на почетокот на април.

– Ја поканив претседателката Фон дер Лајен да ме придружува дел од патот за да претставуваме унифицирана (европска) позиција кон Пекинг, рече тој на прес-конференција по европскиот самит во Брисел.

Макрон, како што соопшти Елисејската палата, ќе престојува во државна посета на Кина од 5 до 8 април. Тој објави дека ќе ја искористи посетата „да работи“ со својот кинески колега Си Џинпинг „за враќање на мирот“ во Украина. Француското претседателство забележува дека Макрон е „посветен на одржување постојан и висококвалитетен дијалог со Кина“.

Претстојната посета на почетокот на април беше најавена на крајот на февруари, но не беа наведени конкретни датуми.

Париз сака да го убеди Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва, да го убеди да се согласи на преговори со Киев.

„Макрон ќе разговара со Си и за меѓународните кризи на Блискиот Исток и Африка, тензиите во индо-пацифичкиот регион, стратешките и економските прашања, како и соработката за справување со главните светски предизвици”, соопшти Елисејската палата.

Макрон претходно најави дека ќе ја посети Кина на почетокот на април и го повика Пекинг да „помогне да се изврши притисок врз Русија“ за да се стави крај на војната во Украина.

Шпанскиот премиер Педро Санчез следната недела ќе отпатува во посета на Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот