Макрон: Вакцината треба да ја направиме светско јавно добро

Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините против ковид-19 откако идејата ја изнесе неговиот американски колега Џо Бајден.

„Се разбира, треба да ја направиме оваа вакцина светско јавно добро”, изјави Макрон на отворањето на првиот голем „вакцинодром” во Париз.

Сепак, тој истакна дека сега се „краткорочно” важни „донациите” и „производството во партнерство со сиромашните земји”.

Макрон на 23 април се изјасни против моментално укинување на заштитата на интелектуалната сопственост над вакцините.

Тој објасни дека проблемот е во трансферот на технологија.

„Можете да ја пренесете интелектуалната сопственост на фармацевтите во Африка, но тие немаат платформа за производство на гласник РНК. Ние сакаме да пренесеме технологија и знаење за да направиме платформи во Африка и тоа е клучот за сè”, рече Макрон. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот