Макрон: Светските сили се должни да му помогнат на либанскиот народ

фото ЕПА

Треба да дејствуваме брзо и ефикасно, така што оваа помош да оди директно таму каде што е потребна, рече Макрон, додавајќи дека „иднината на Либан е во прашање”.

Светските сили се должни да му помогнат на либанскиот народ по катастрофалната експлозија што уништи голем дел од Бејрут, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на донаторската конференција за Либан.

– Треба да дејствуваме брзо и ефикасно, така што оваа помош да оди директно таму каде што е потребна, рече Макрон, додавајќи дека „иднината на Либан е во прашање”.

Тој исто така рече дека понудата за помош вклучува поддршка за непристрасна, веродостојна и независна истрага за експлозијата во пристаништето на 4 август, во која загинаа 158 лица.

Макрон е домаќин на донаторската видео конференција со поддршка на ООН, на која е најавено учество на американскиот претседател Доналд Трамп.

Експлозијата во магацинот во пристаништето се проценува дека предизвикала штета до 15 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот