Макрон со план за подобра заштита од сајбер криминал

EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон денес го претстави планот за подобра заштита на јавните установи и приватните компании од сајбер криминал по нападите овој месец врз две болници и зголемувањето на сличните сајбер напади во Франција.

Макрон изјави дека инцидентот со нападите во болниците покажал дека заканата е многу сериозна.

„Некои доаѓаат од држави како дел од нови конфликти меѓу народите, други од мафии или се користат за дестабилизација на земјите“, додаде тој

Кабинетот на Макрон соопшти дека Владата ќе издвои околу петстотини милиони евра за да помогне во зајакнувањето на системите за кибер безбедност во јавниот и приватниот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот