Макрон со обвинување: Турција испратила сириски џихадисти во борбите во Нагорно-Карабах

Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Турција дека испратила сириски џихадисти во борбите во Нагорно-Карабах. Турција, која е сојузник на Азербејџан во конфликтот, во истовреме негира дека пратила платеници.

– Имаме информации дека сириски борци од џихадистички групации се префрлени преку југоистокот на Турција кон Нагорно-Карабах. Тоа е нов и сериозен факт кој ја менува ситуацијата, истакна Макрон пред новинарите во Брисел каде се одржува Самит на лидерите на Европската Унија (ЕУ).

Нешто претходно, Франција, Русија и САД заеднички повикаа на примирје во областа на Нагорно-Карабах, како и за безусловно враќање на преговарачка маса. Трите земји копретседаваат со групата на ОБСЕ од Минск, формирана во 1992 година, за посредство при постигнување на мирно решение за спорот околу енклавата.

Од канцеларијата на францускиот претседател е соопштено дека тој разговарал за проблемот со неговиот руски колега, Владимир Путин. Притоа двајцата лидери изразиле загриженост што Турција испратила сириски платеници во Нагорно-Карабах, пренесува агенцијата Срна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот