Макрон смета дека негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

-Антиционизмот, кога се изразува во негирање на постоењето на Израел како држава, претставува антисемитизам, рече Макрон на заедничката прес конференција со Ривлин во Ерусалим.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Ерусалим изјави дека негирањето на правото на постоење на Израел како држава е нова форма на антисемитизам, пренесоа француските медиуми.

Макрон се наоѓа во Ерусалим за одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц.
Претходно тој денеска разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претседателот Ревен Ривлин, кој ги поздрави напорите на Франција во борбата против антисемитизмот, вклучувајќи ја и неодамнешната резолуција.
-Антиционизмот, кога се изразува во негирање на постоењето на Израел како држава, претставува антисемитизам, рече Макрон на заедничката прес конференција со Ривлин во Ерусалим.

-Тоа не значи дека не е можно да имаме разлики, да критикуваме едни или други дејствија на израелската Влада, но негирањето на неговото постоење денеска претставува една современа форма на антисемитизам, дополни францускиот претседател.

Макрон, исто така, кажа дека Франција нема да отстапи пред нуклеарните  амбиции на Иран и дека неговата земја е решена да не му дозволи на Техеран никогаш да се здобие со нуклеарно оружје, пренесоа британските медиуми.

-Во актуелниот контекст Франција е решена на Иран да не му дозволи да се стекне со нуклеарно оружје, но, исто така, ќе избегнеме секаква воена ескалација во регионот, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот