Макрон синоќа лице в лице со жолтите елеци во Париз (ВИДЕО)

epa08545219 French President Emmanuel Macron looks on at the end of the annual Bastille Day military ceremony on the Place de la Concorde in Paris, France, 14 July 2020. Bastille Day, the French National Day, is held annually on 14 July to commemorate the storming of the Bastille fortress in 1789. This year Germany, Austria, Switzerland and Luxembourg, which took in French COVID-19 patients, are special guests of honor. EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Целата оваа сцена се одвиваше во присуство на личното обезбедување на претседателот на Франција, но ситуацијата можеше да добие друг тек за безбедноста на Макрон.

Францускиот претседател Емануел Макрон при прошетката во вечерните часови во градината на Тујери во Париз заедно со неговата сопруга Брижит, се најде очи в очи со група жолти елеци, кои го исвиркаа и бараа негова оставка, јави дописникот на МИА.

Шефот на француската држава на крајот од 14-јулското славење,  вчеравечер беше пресретнат од поединци во градината на Тујери, кои извикуваа  „оставка на Макрон” и го исвиркуваа. Неколку видеа кружат на социјалните мрежи на кои се гледа како Емануел Макрон во директниот контакт со лицата кои се претставија како жолти елеци. Претседателот прво на своите соговорници им посака „среќен 14 јули”, додека едно лице му одговара: „Ти ќе бидеш сменет !”.

Потоа следи жива дискусија за полициското насилство. Група мажи најпрво го повикаа да ги „избрка БРАВ” – кратенката за моторизираните  репресивни бригади на полицијата создадени во март 2019 година од префектот Дидиер Лалеман, кои интервенираа во демонстрациите на жолтите елеци во Париз.

„Претседателот на Републиката не го прави тоа!”, одговори Емануел Макрон, обидувајќи се да ја смири ситуацијата и барајќи од нив да бидат „опуштени ” и „да не викаат”. Жолтите елеци одговорија дека се „опуштени веќе 18 месеци”, и бараат ова прашање за полицијата да биде отворено со новиот министер за внатрешни работи.

Макрон потоа ги обвини дека не се „модели на почит” со тоа што го вознемируваат додека тој се шета заедно со сопругата. „Празник е, се шетам, јас ве почитувам”, се брани Макрон, додека еден од групата му одговара  му вели: „Господине претседател, јас сум постар од вас”.

-Вие сте мој вработен, господине претседател! Продолжува истото лице со жестина. „Ние Ве почитуваме, јас не Ви покажав непочитување, барем не денес”, завршува тој.

Целата оваа сцена се одвиваше во присуство на личното обезбедување на претседателот на Франција, но ситуацијата можеше да добие друг тек за безбедноста на Макрон.

Шефот на опозициската Републиканци, Кристиан Жакоб, утринава изјави дека Макрон „згрешил” што излегол на прошетка, бидејќи настанот можел ќе да добие други размери. Според Жакоб, се поставува сериозно прашање за безбедноста на претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот