Макрон се заблагодари: Не ги забораваме сите што ја спасија катедралата Нот Дам де Париз (ВИДЕО)

Во видео објавено на социјалните мрежи францускиот претседател Емануел Макрон ја повторува „благодарноста на нацијата” до „спасувачите, донаторите и градежниците” на катедралата Нот4 Дам де Париз. Тој вели дека сè ќе се стори за да се исполни петгодишниот рок за реставрација на Богородичната црква од Париз, јави дописникот на МИА.

Точно, една година по пожарот што ја опустоши Нотр Дам де Париз претседателот Макрон објави порака на благодарност за сите оние кои ја спасиле и потоа работеле на обновата на катедралата.

-Деликатно е да се зборува за било која друга тема, освен здравствената криза, која ги монополизира нашите мисли и нашите животи, признава Макрон.

Но, катедралата ги имаше и своите „херои”, кои претседателот сакаше да ги поздрави.

-Ништо не забораваме: ниту херојскиот бран на смелост што ја спаси катедралата од пламенот, ниту огромниот бран на великодушност, што се појави во деновите и неделите што следуваа. Војниците, полицијата, вработените во епархијата, мајсторите, архитектите … сите заслужуваат признание од нацијата, изјави Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот