Макрон се подготвува да ја признае „неоспорната вистина“ за масакрот на Алжирците во Париз

Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/CLODAGH KILCOYNE / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон се подготвува да ја признае денес „неоспорната вистина“ за време на официјалната церемонија за 60-годишнината од масакрот врз Алжирците на 17 октомври 1961 година во Париз, одејќи подалеку, според Елисејската, од „крвавата репресија“ што ја призна Франсоа Оланд во 2012 година, јави дописникот на МИА.

Шефот на француската држава ќе положи венец на брегот на Сена, во близина на Пон де Безон, во париското предградие, на кој пред 60 години поминуваа алжирските демонстранти, кои пристигнаа од соседната сиромашна населба Нантер на повик на филијалата ФЛН со седиште во Франција.

– На оваа локација беше истрелана боева муниција, а телата беа извлечени од Сена, потсетува Елисејската палата за да го објасни изборот на ова место за да се одбележи репресијата, чиј број на смртни случаи историчарите го проценуваат на најмалку неколку десетици, според официјалниот биланс имало само три жртви.

Емануел Макрон е првиот француски претседател роден по завршувањето на Алжирската војна во 1962 година, исто така ќе биде „првиот од Петтата Република што отишол на место на сеќавања каде што ќе се одржи оваа комеморација, објаснува официјален Париз.

По поднесувањето во јануари на извештајот на историчарот Бенжамин Стора за колонизацијата и алжирската војна (1954-62), претседателот Макрон се обврза дека ќе учествува „во три комеморативни и симболични денови”: првиот се одржа околу 25 септември, националниот ден на почит кон Харките, вториот оваа сабота и третиот на 19 март за 60-годишнината од договорот од Евијан со кој заврши Алжирската војна.

За време на церемонијата, на која треба да учествува историчарот Стора, Емануел Макрон ќе почитува минута молчење, ќе се сретне со роднините на жртвите, но не треба да држи говор.

На крајот на церемонијата, од друга страна, ќе се емитува текст „во форма на соопштение за печатот што точно ќе покаже што ќе биде значењето и обемот на ова признание”, уверува Елисејската палата.

Во оваа изјава, шефот на државата треба да направи „уште еден чекор во споредба со она што Франсоа Оланд го кажа во 2012 година”, жалејќи за „крвавата репресија”. „Тој ќе направи чекор напред во препознавањето на она што се случи и ќе дејствува според вистинитоста на фактите”, велат од претседателството.

– Франција мора да ја признае оваа трагедија како непростлива трагедија, како еден вид на криминал за кој е одлучено, рече Бенџамин Стора за Еуропа 1 и Цњуз. „Постои одговорност на државата под надлежност на Морис Папон”, тогашен полициски префект на Париз.

Оваа церемонија се одржува во напнат контекст помеѓу Париз и Алжир, по зборовите на Макрон, објавени од Ле Монд, кој го обвини алжирскиот „политичко-воен” систем за одржување на „спомен-кирија” со тоа што им служи на своите луѓе „службена историја”, која „не се базира на вистини”.

Во Елисејската палата, уверуваат дека „каква и да е состојбата на нашите односи со Алжир и какви и да се позициите на алжирските власти по ова прашање, ние го правиме тоа за нас самите, а не од француско-алжирски причини”.

Претседателот Макрон, кој презеде невидено дело на сеќавање за Алжирската војна, посакува пред се „да ја погледне историјата в лице”, како што тоа го направи во Руанда, препознавајќи ги „одговорностите” на Франција во геноцидот врз Туците од 1994 година. „Но, тоа не значи повторно пишување на историјата или нејзино повторно измислување, предупредува Елисејската палата.

Оваа церемонија ја чекаат различни организации како што е СОС Расизм: „Време е државата да ги преземе своите одговорности и да престане да користи сибилични формули”, нагласува нејзиниот претседател Доминик Сопо.

Шеесет години подоцна, „сè уште нема официјален запис за бројот на жртви, депортирани, дури не е можно да се идентификуваат жртвите”, се жали тој.

За во недела се планирани голем број комеморативни настани во Сена Сен Дени, вклучувајќи ги и Бањоле, Монтреј, Ноис-ле-Сек, каде што еден плакат на уметникот Ернест Пињон-Ернест, кој ги претставува рацете на удавен човек и на кој стојат зборовите државен злосторство, Париз на 17 октомври 1961 година”, ќе биде поставен во недела на фасадата на една зградата.

На 17 октомври 1961 година во Париз демонстрираа 20 000 Алжирци, при интервенцијата на полицијата биле ибиен според изворите најмалку 120 демонстранти, а некои ја споменуваат бројката до 200 демонстранти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот