Макрон, Сакрози и Оланд без публика го одбележаа Денот на победата над фашизмот

Армиите беа претставени од нивните највисоки офицери, меѓу кои и началникот на штабот Франсоа Лекоинтр.

Комеморацијата за одбележување на 75-годишнината од победата над фашизмот во Париз се одржа во ограничен формат, без публика, само во присуство на главните политички и воени лидери, пораади кризата со коронавирусот.

Годината кога се одбележува 75-годишнината од победата над нацизмот, за првпат традиционалната церемонија под „Триумфалната порта” се одвиваше без традиционалното искачување на Елисејските полиња и преглед на трупите.

Покрај актуелниот шеф на државата, Емануел Макрон, беа присутни и неговите претходници Никола Саркози и Франсоа Оланд, претседателите на двата собранија Жерард Лархер и Ричард Феран, премиерот Едуард Филип, министерот за војските Флоранс Парли и државниот секретар Женевиев Дариосиек , како и градоначалничката на Париз Ан Хидалго.

Армиите беа претставени од нивните највисоки офицери, меѓу кои и началникот на штабот Франсоа Лекоинтр.

Церемонијата траеше 45 минути. Најпрво беше положен венец пред статуата на генералот де Гол на Елисејските полиња. По што следуваше свечената церемонија под Триумфалната порта, со полагање венец и распалување на пламенот на гробот на Незнаениот војник.

На Ајфеловата кула беше поставено тробојното француско знаме „за да им се оддаде почит на борците и припадниците на отпорот од Втората светска војна и за да се слави мирот”. Знамето ќе остане таму до 15 мај. Оваа инсталација е направена „на барање на Претседателот на Републиката”, кој ја препрати на својот твитер профил фотографијата на развиеното знаме на првиот кат на Ајефловата кула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот