Макрон: Русија ја користи храната како оружје

Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/CLODAGH KILCOYNE / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон во својата посета на африканската земја Камерун, ја опиша глобалната криза со храна како „едно од оружјата на Русија“ во војната против Украина, пренесува Ројтерс.

Камерун, како и останатите земји во развој, се брои со големата криза со храна која ги погоди земјите од тој регион.

Недостатокот на основните прехранбени продукти, како и растот на цените на горивата, принуди илјадници жители на главниот град Јаоунде да чекаат ред пред бензинските станици.

Макрон во моментов е на турнеја низ Африка, каде ќе ги посети земјите во обид да го зајакне односот на Франција со некогашните колонии.

„Нас не обвинуваа дека сме виновни за оваа криза поради санкциите кои ги воведовме против Русија. Тоа воопшто не е точно.“ изјави Макрон од Камерун.

Многу африкански земји се зависни од руската и украинската пченица, а од почетокот на конфликтот увозот за овие земји прекина.

„Храната, како и енергијата станаа оружје за Русија. Ние мора да им помогнеме на африканските земји да произведуваат повеќе за себе“ додаде Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот