Макрон: Професорот Раул е голем научник, но неговиот третман против коронавирусот мора да се тестира

Студијата на професорот Раул од болничко-универзитетскиот институт Медитеране Инфекција, предизвика контроверзи, а особено беше критикувана од дел од медицинската професија заради недоволниот број на тестови.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, за првпат се изјасни околу контроверзните испитувања засновани врз хлорокин од страна на професорот Дидие Раул, од Институтот за инфекции во Марсеј, соопштувајќи дека смета оти третман со хлорокин мора да се тестира, јави дописникот на МИА.

Претседателот Макрон се сретна со Раул на 9 април во Марсеј за време на подготвителните разговори за неговото телевизиско обраќање во понеделникот вечерта

-Убеден сум дека професорот Раул е голем научник. Комбинацијата на хидроксихлорохин и азитромицин мора да се тестира , објасни Емануел Макрон во интервју дадено за РФИ.

Студијата на професорот Раул од болничко-универзитетскиот институт Медитеране Инфекција, предизвика контроверзи, а особено беше критикувана од дел од медицинската професија заради недоволниот број на тестови. Претседателот на Републиката инсистираше на тоа дека сите патеки мора да бидат истражени, вклучително и таа на Дидие Раул.

-Јас сум одушевен од тоа што го кажува и објаснува. Навистина, тој нè повикува да бидеме смирени затоа што тој самиот вели дека работите можат да варираат во зависност од годишните времиња и дека вирусите реагираат според екосистемите, изјави Макрон запрашан да даде објаснување за наодите на професорот Раул.

Во врска со потенцијалната токсичност на хлорокин и срцевите ризици што може да ги предизвика молекулата, Емануел Макрон прецизира: тој го користи и има свој протокол. Тој е овластен од надлежните органи од Монпелје. И ние мора да одиме напред , да ја покажуваме ефективност и да ја мериме токсичноста. Претседателот на Француската Република не е таму да каже „таквиот третман е добар или не е добар”. Моја должност е дека сите терапевтски патеки што се следат денес можат да бидат предмет на ригорозни клинички испитувања, и што е можно побрзо, за да може да се најде третман “.

Истражувачкиот институт на професорот Дидие Раул, минатата недела го објави на интернет резимето на новата студија со која се испитува основаноста на хидроксихлорокинот против коронавирусот, чија методологија веднаш предизвика нови критики од медицинскиот свет.

Раул, исто така, тврди дека епидемијата со Ковид-19 почнува полека да исчезнува од Марсеј и дека вирусот „може да исчезне за неколку седмици, поради навистина необични причини”. На ова реагираше здравствена агенција одговори да не се избрзува со заклучоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот