Макрон прифати да учествува на самитот Брдо-Бриони

Францускиот претседател Емануел Макрон официјално ја прифатил поканата за учество на самитот „Процес Брдо-Бриони”, што оваа пролет ќе го организираат словенечките и хрватските претседатели во Словенија, соопшти кабинетот на словенечкиот претседател.

Според Кабинетот, Макрон покажал голем интерес за таа иницијатива за Западен Балкан, како и дека очекува „отворен и корисен дијалог” и создавање порака поврзана со процесот на проширување на ЕУ, како и решавање на билатералните прашања и заеднички напори за мир , стабилност и просперитет на ЈИЕ.

Засега, поради моменталната пандемијата на коронавирусот точниот датум на самитот не е познат, јави СТА.

Самитот, на кој ќе се одбележи 10-годишнината од оваа иницијатива за Западен Балкан, веќе беше одложуван двапати поради епидемијата – прво требаше да се одржи на 29 јуни, потоа во декември, но и двата пати беше одложено поради моменталната состојба.

Словенечкиот претседател Борут Пахор планира да организира самит веднаш штом ќе бидат исполнети условите за тоа, веројатно во март или април, соопшти неговиот кабинет. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот