Макрон повторно ни кажа „не“: Смета дека е рано Македонија да почне преговори со ЕУ

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Францускиот претседател Макрон на вечерашната заедничка пресконференција со германската канцеларка Меркел во Тулуз повторно го повтори ставот дека нема да има проширување на ЕУ со Македонија и Албанија.

– Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: Овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите – рече Макрон во Тулуз.

Макрон во изјавата ги поздрави реформите и дава признание за се што е направено од страна на двете земји кандидатки , но сепак според него ЕУ не е подготвена во тесната европска куќичка да кани нови членки односно “другарчиња”.

Макрон на пресконференцијата изјавил дека место за Западниот Балкан во ЕУ има, но сегашниот начин на пристапување на нови членки е апсурден.

За Макрон проблем за сегашниот случај е и бројот на азиланти од Албанија во ЕУ.

Тој повторно ја потенцирал новата методологија за идно проширување и потребата куќата (ЕУ) прво да се среди и реновира, затоа што некои сакаат внатре некои сакаат надвор, но дека само некои плаќаат за реновирање на куќата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот