Макрон: Постигнат е историски договор за ЕУ

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

ЕУ успеа да постигне историски договор за заеднички финансиски средства неопходни за надминување на предизвиците на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Според него, на договорот му претходеле „долги и тешки” преговори за време на кои било неопходно да се направат отстапки за да се надминат разликите што го попречувале постигнувањето на единство.

– Отстапките беа пропорционални и неопходни за да се постигне корисен, голем план за економско закрепнување на ЕУ, оцени Макрон на прес-конференција.

– Нема совршен свет, но ние постигнавме напредок, заклучи францускиот претседател.

Лидерите на ЕУ рано утрово постигнаа договор за планот за закрепнување и повеќегодишниот заеднички буџет од 1.824 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот