Макрон побара Франција да има целосна независност при производство на маски до крајот на годината

Фрацускиот претседател Емануел Макрон при посетата на претпријатието Колми-Хопен, кое произведува хируршки и ФФП2 маски во Сант Бартелеми д’Анжу, побара Франција да има целосна независност при производството на маски до крајот на годината, јави дописникот на МИА.

-Треба да произведеме повеќе во Франција, на наша почва, за да ја намалиме нашата зависност. Пред кризата, произведовме 3,5 милиони маски. До крајот на април, ние ќе бидеме на 10 милиони. Сакам до крајот на годината да постигнеме целосна независност, рече Емануел Макрон.

Во однос на респираторите, претсдателот Макрон најави создавање на француски индустриски конзорциум околу „Ер Лиид”. Целта е да се создадат до средината на мај 10 000 респиратори.

-За да се финансираат сето ова, владата дава придонес од четири милијарди евра на јавното здравство Франција за нарачка на маски, респиратори и лекови, најави францускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот