Макрон по говорот на српски, пренесе порака и на албански јазик (ФОТО)

Францускиот претседател Емануел Макрон од 15 до 17 јули  јули престојуваше во дводневна посета на Белград, каде во понеделникот се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Макрон на прес конференцијата заедно со Вучиќ, а потоа и за време на неговиот говор во Калемегдан, вети дека заедно со германската канцеларка Ангела Меркел повторно ќе ги започнат преговорите меѓу Приштина и Белград.

Макрон говорот на Калемегдан во вторникот го објавил и со опис на француски јазик, додека истиот говор го објавил и во средата на неговата официјална страна на Фејсбук со опис на албански јазик, каде што вели дека Европа треба да биде обединета и да изгради мир меѓу Косово и Србија.

„Треба да го изградиме заедно мирот меѓу Србија и Косово. Тоа е мојата порака од Белград “, се вели во описот на видеото објавено од страна францускиот претседател.

Оваа објава на Макрон на албански јазик, пристигнува по неговиот говор на српски јазик на Каламегдан. Ова се претпоставува дека е потег со цел да се држи балансот, бидејќи Макрон заедно со Меркел го презедоа во свои раце дијалогот и изнаоѓањето на конечно решение меѓу Приштина и Белград, наведува Газета Експрес.

Експрес

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот