Макрон по говорот на српски, пренесе порака и на албански јазик (ФОТО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеРегион

Макрон по говорот на српски, пренесе порака и на албански јазик (ФОТО)

Неговиот говор одржан во Калемегдан, Макрон го објавил на неговата официјална страна со опис на албански јазик

Францускиот претседател Емануел Макрон од 15 до 17 јули  јули престојуваше во дводневна посета на Белград, каде во понеделникот се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Макрон на прес конференцијата заедно со Вучиќ, а потоа и за време на неговиот говор во Калемегдан, вети дека заедно со германската канцеларка Ангела Меркел повторно ќе ги започнат преговорите меѓу Приштина и Белград.

Макрон говорот на Калемегдан во вторникот го објавил и со опис на француски јазик, додека истиот говор го објавил и во средата на неговата официјална страна на Фејсбук со опис на албански јазик, каде што вели дека Европа треба да биде обединета и да изгради мир меѓу Косово и Србија.

„Треба да го изградиме заедно мирот меѓу Србија и Косово. Тоа е мојата порака од Белград “, се вели во описот на видеото објавено од страна францускиот претседател.

Оваа објава на Макрон на албански јазик, пристигнува по неговиот говор на српски јазик на Каламегдан. Ова се претпоставува дека е потег со цел да се држи балансот, бидејќи Макрон заедно со Меркел го презедоа во свои раце дијалогот и изнаоѓањето на конечно решение меѓу Приштина и Белград, наведува Газета Експрес.

Експрес

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close