Макрон: Пензиската реформа е „историска за земјата”

Шефот на француската држава Емануел Макрон ја оцени реформата на пензискиот систем како „историска за земјата”, јави дописникот на МИА.

Францускиот претседател својата оценка ја даде на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел, откако вчера одби да им одговори на новинарите на ова прашање.

– Ова е историска реформа за земјата. Историска за повторно втемелување на државата заштитничка од 21 век. И во моментот кога сметам дека е најповолна, ќе зборувам од Париз – нагласи Макрон.

Сепак штрајкот што трае веќе девет дена во Франција, иако бројот на штрајкувачите се намали, ситуацијата во сообраќајот не се подобри. Повеќе синдикати, сега скоро сите без исклучок, повикаа на национална мобилизација, закажана за идниот вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот