Макрон: Не е добро Србија пребргу да влезе во ЕУ

Фото: Profimedia

Почеток на враќање на француското влијание во Србија и во регионот е главна карактеристика на дводневната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Белград. Во фокусот на разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ беа економските и политичките теми, пред се косовското прашање и евроинтеграциите на Србија.

Во поглед на евроинтеграциите на Србија, а со тоа и земјите во регионот, Макрон изјави дека паралелно се реформите кои Србија треба да ги спроведе на европскиот пат, и ЕУ мора да се реформира за да биде подготвена да ја прими Србија.

Тој додаде дека не постои прецизен датум за влез во ЕУ, се додека Европа не се реформира.

-Ова е процес во кој треба да се спроведат реформите и кога тие ќе се спроведат, може да кажеме дека тогаш завршивме со таа етапа. Колку побргу реформи, толку побргу ќе се завршат етапите, кажа францускиот претседател.

-Потребно е да имаме два правца по кои треба одлучно да работиме. Европа не е бирократски процес. Не е само извештај….не е добро Србија пребргу да влезе во ЕУ, оцени Макрон.

За разлика од него српскиот претседател изјави дека го сфатил ова излагање на Макрон за евроинтеграциите, дека се работи за два паралелни процеса. Еден е процесот на приближување на Европа, решавање на проблемот со Приштина, реформи во секторот на правото и други неопходни реформи, кои Србија веќе ги спроведува.

Вучиќ наведе и дека со Макрон разговарал „за она што се случи во Берлин и за она што не се случило во Париз.“

Во поглед на косовскиот дијалог, францускиот претседател истакна дека Франција го поддржува дијалогот, преку постигнување компромисно решение и со голема поддршка и посредување на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот