Макрон на самитот на ЕУ го озборувал Курц

Емануел Макрон
Емануел Макрон /Фото: ЕПА

Претседателот на Франција Емануел Макрон го озборувал австрискиот канцелар Себастијан Курц на Самитот на ЕУ, на кој се разговараше за фондот за обнова и идниот буџет на Унијата, пренесува Танјуг. 

– Погледнете, на него му е сеедно. Тој не ги слуша другите, има лош став. Тој се грижи само за својата штампа – изјавил Макрон, кога Курц синоќа ја напуштил салата за состаноци за да разговара на телефон.

Макрон критикуваше и група на „штедливи земји“, во кои е и Австрија, споредувајќи ги со некогашниот британски премиер Дејвид Камерон во текот на претходните преговори од порано за буџетот на ЕУ.

Претседателот на Франција укажа дека таквиот начин на однесување може лошо да се заврши, а истовремено себеси се нарече „лудак“ по прашањето за висината на дотацијата во фондот за обонова по короната.

Шефовите на државите и владите на 27 земји членки на ЕУ веќе три дена преговараат за пакетот за помош за обнова по кризата поради коронавирусот, а преговорите ќе бидат продолжени денеска во 16.00 часот.

Лидерите на ЕУ разговараат за пакет вреден 1.824 милијарди евра, кои опфаќаат повеќегодишен заеднички буџет (1.074 милијарди евра) и фонд за обнова (750 милијарди евра).

Досега не е постигнат договор ниту во врска со величината на пакетот, но ниту во врска со односот на неповратна помош и заеми на кои земјите членки можат да сметаат од тој фонт, како ниту во врска со условите за управување со пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот